Влатко Галевски е роден 1949 година. Студирал правни науки и музика. Филмски критичар. Член на Октет Македонија (баритон). Пет години уредник на видеоизданијата на „Македонија филм“. Од 1993 до 1998 година уредник на филмската програма на А1 тв и автор на емисиите „Синема“ и „Синеманија“. Вокалист во музичкиот проект „Октоехос“.
Продуцент, директор на фотографија и коавтор на музиката во филмот „Маклабас“, член на ад-хок групата FYROM Experiment. Автор на книгата „Фацерија“. Актер во филмот на Ацо Станкоски, „Самит на шаманите“. Дваесет години автор и водител на емисијата „Слушајте филм“. Уметнички соработник на Македонската филхармонија за 4 концерти на филмска музика. Член или претседател на неколку филмски жирија. Автор на повеќе од 600 филмски рецензии. Од 2001 до 2011 година главен уредник за култура и уметност во магазинот „Форум“.
Неговата прозна книга „Исповедни финеси“ ја објавува во 2015, во Или Или.