Живко Чинго е роден на 13 август 1935 година, во селото Велгошти, Охридско. Во родното село завршил основно училиште, а гимназија во Охрид. Во 1959 година дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата за југословенска литература. Извесно време работел како професор по книжевност во гимназијата во Охрид, а во Скопје работел во: „Студентски збор“, во „Млад борец“, во Радиотелевизија Скопје, во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, во Центарот за политички студии, а бил и долгогодишен директор на Драмата при Македонскиот народен театар. При крајот на животот работел како советник при Републичкиот комитет за култура. Во 1963 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а бил и член на МАНУ. Умрел на 11 август 1987 година.
Чинго е автор на следниве дела:
•„Пасквелија“ (раскази, 1963)
•„Семејството Огулиновци“ (раскази, 1965)
•„Нова Пасквелија“ (раскази, 1965)
•„Сребрените снегови“ (роман за деца, 1966)
•„Пожар“ (раскази, 1970)
•„Големата вода“ (роман, 1971)
•„Жед“ (сценарио, 1971)
•„Поле“ (сценарио, 1971)
•„Образов“ (драма, 1973)
•„Ѕидот, водата“ (драма, 1976)
•„Вљубениот дух“ (раскази, 1976)
•„Кенгурски скок“ (драма, 1979)
•„Макавејските празници“’ (драма, 1982)
•„Накусо“ (раскази, 1984)
•„Пчеларник“ (сценарио, 1988)
•„Гроб за душата“ (раскази, 1989)
•„Бабаџан“ (роман, 1989)
•„Бунило“ (раскази, 1989)
•„Ал“ (проза, 1989)
Живко Чинго е добитник на наградите: „Рациново признание“, „11 Октомври“, „1 Мај“, „Стериино позорје“.