Проза Балкан 2018

Проза Балкан 2018 1
Од 27 ди 29 април, на повеќе локации во Скопје, традиционално ќе се одржи интернационалниот фестивал „Проза Балкан“. Во рамките на фестивалот ќе бидат претставени писателите: Роберт Перишиќ од Хрватска, Лејла Каламујиќ од Босна и Херцеговина, Афер Тунч од Турција, Јуриј Худолин од Словенија, Фросина Пармаковска од Македонија, а добитник на наградата за авторски придонес во балканската литература „Прозарт“ е Светислав Басара од Србија. За нивното творештвоќе зборуваат македонските писатели: Ермис Лафазановски, Владимир Јанковски и Александар Прокопиев, а модератор ќе биде Ана Јовковска. Фестивалот ќе го отвори директорот Дејан Трајкоски.

Гости на фестивалот ќе бидат и тројца членови на „Скопје Фелоушип“програмата – Џон О’Брајан (основачот на „Далки архив прес“ од САД), Јанике Ритер (уредничка на „Зуркамп“ од Германија) и Назлиџан Кабаташ (од „Калем“ од Турција).

Покрај претставувањето на авторите, во рамките на фестивалот ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Балканските класици во европската литература“, средба на авторите со читателите во „Икона“, средба на странските издавачи и македонските писатели, како и читање на авторите извадоци од своите романи.

„Проза Балкан“ и годинава го организира издавачката куќа „Икона“, а поддржан е од Министерството за култура на Р.М., од ТРАДУКИ, амбасадите на Хрватска и Словенија, од Словенечката агенција за книга и од Делегацијата на ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *