Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“.
Има објавувано раскази во книжевни списанија, а во 2013 г. го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура). Нејзиниот втор роман, „Вишнова хроника“ (2014, Или-Или) влезе во финале за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. Преведен е на бугарски и украински јазик.
„Одбројување“ е нејзин трет роман, за кој ја доби наградата Роман на годината за 2017 година.
Во септември 2020 година излезе нејзиниот четврт роман „На враќање“ во издание на Или-Или.
„Сè уште можам нешто да сторам“ е роман објавен во 2023, во Или-Или.
Член е на ДПМ од февруари 2018 година.