Промоција на збирката раскази „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков

Вчеравечер, во МКЦ Клуб-ресторанот се одржа промоцијата на најновата книга од Игор Анѓелков, збирката раскази „Двојна експозиција“, во издание на Или Или. 

Книгата ја промовираа Ана Мартиновска и Владимир Мартиновски, а авторот зборуваше за настанокот на идејата, околностите, творечкиот процес и други прашања поврзани со оваа збирка.

По завршувањето на формалниот дел на промоцијата, публиката имаше можност да го проследи музичкиот настап на бендот „Хајка“ или, како што Анѓелков ги најави, „најверојатно, моментално најдоброто нешто на македонската рок сцена“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *