Промоција на романот „Вилино“ од Винка Саздова

На 17-ти декември, во 19.00, во кафулето „Сиеста“ на ул. Македонија, се одржа промоција на романот „Вилино“ од Винка Саздова, во издание на ТРИ. Романот го промовираше писателот Венко Андоновски кој по своето излагање поведе разговор и со самата авторка.„Вилино“ е петтиот роман од Винка Саздова која досега ги има објавено: „Последниот чај“ (2009), „Полиња со диви нарциси“ (2011), „Понекогаш доаѓа среќа“ (2013) и „Луна“ (2015). Романот „Последниот чај“ е преведен на српски, хрватски и бугарски јазик. Саздова е двапати прогласена за најчитан автор (2012 и 2014).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *