Венко Андоновски (Куманово, 1964) е прозаист, драмски писател, критичар, есеист, теоретичар на литературата, поет, антологичар, полемичар, преведувач. Работи како редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.
Автор е на:
- поезија: „Нежното срце на варварот“ (1986),
- раскази: „Квартот на лиричарите“ (1989), „Фрески и гротески“ (1993), „Припитомување на кучката“ (2018)
- романи: „Азбука на непослушните“ (1994), „Папокот на светот“ (2000), „Вештица“ (2006), „Ќерката на математичарот / 33, 33“ (2013), „Папокот на светлината“ (2022)
- драми: „Адска машина“ (1983), „Бунт во домот за старци“ (1994), „Словенскиот ковчег (1998) „Црни куклички“ (2000), „Кандид во земјата на чудата“ (2001), „Кинегонда во Карлаленд“ (2006), „Граница“ (2008), „Светица на темнината“ (2010), „Олово на перница“ (2010)
- критика: „Матошевите ѕвона“ (1996), „Текстовни процеси“ (1997), „Структура на македонскиот реалистичен роман (1997), Дешифрирања (2000)
- биографија: „Ванчо Чифлиганец 60“ (2015), „Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец“ (2018)
Добитник е на бројни награди признанија, меѓу кои: „Рациново признание“ („Фрески и гротески“, 1993), „Стале Попов“ (двапати: „Папокот на светот“, 2000 и „Ќерката на математичарот“ 2013), „Роман на годината“ („Папокот на светот“, 2000), „Балканика“ („Папокот на светот“, 2001), „Војдан Чернодрински“ (трипати: „Бунт во домот за старци“, 1994, „Кандид во земјата на чудата“, 2000 и за драматизација на „Папокот на светот“, 2004)
Член е на македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.