Вечерва, во кафулето Ла Кања, во Скопската чаршија, се одржа промоцијата на романот „Страв од варвари“ од Петар Андоновски, во издание на Или Или.
Романот го промовираа Румена Бужаровска и Славчо Димитров.
Ова е трет роман на Петар Андоновски кој за претходниот „Телото во кое треба да се живее“ ја доби престижната награда „Роман на годината“ што до минатата година ја доделуваше „Утрински весник“, а од оваа година – фондација „Славко Јаневски“.