Бранко Прља е роден во Сараево во 1977 година. Од 1990 година живее во Скопје.
Има дипломирано графички дизајн на Европскиот Универзитет, факултет за Арт и дизајн, и има работено како уметнички директор, програмски директор, копирајтер, преведувач, автор на текстови за повеќe маркетинг агенции, издавачки куќи, културни центри и невладини организации.
Автор е на 15 дела, помеѓу кои повеќе романи, збирки раскази или експериментална и едукативна проза и книги за деца. Пишува и под псевдонимот Берт Стајн и неговото дело „3 минути и 53 секунди“ влезе во финале за Роман на годината 2015 на Утрински Весник. Неговото дело „Апокалипса.мк“ влезе во финале за Роман на годината 2017 на фондацијата „Славко Јаневски“. Има објавувано во Македонија и во странство. Има учествувано на повеќе групни изложби и перформанси со неговите дизајни, илустрации и текстови.
Основач e на Електролит, првиот електронски конкурс за литература во Македонија и на креативниот колектив КАПКА, и работел како како уметнички директор на нивните изданија. Се интересира за социјалните медиуми и нивното влијание врз општествени и еколошки прашања, како основач на Фејсбук групите „Не фрлај, не загадувај“ и „Дај, не фрлај“.
Ги има објавено следните дела:
Куси раскази:
За секого по нешто, за некого ништо (2003, Темплум, реиздание 2011, Готен)
Приказни обични за луѓе необични (2012, Готен)
Чадор без рака да го држи (2013, Готен)
Азбука за нефизичари (2013, Готен)
Како да држиш чадор без рака, избор раскази (2016, Готен)
Измислени вести:
Вести во земјата на чудата (2005, Темплум)
Парите се отепувачка (2006, Темплум)
Вести од подрумот на баба ми (2007, Темплум)
Вест од Несвест (2010, Готен)
Едукативна проза – астрономија:
Досие: Планета Икс (2009, Темплум)
Досие: Ѕвезда Немезис (2011, Готен)
Досие: Универз Ум (2012, Готен)
Дела за и во соработка со млади:
Азбука на игранка (2014, Капка) со Нина Прља
(Не)докажани приказни (2015, Капка), со Нина и Иван Прља
Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн (2017, Капка)
Необични факти од животот на Никола Тесла (2017, Капка)
Како Берт Стајн:
3 минути и 53 секунди (2015, Готен)
1 час и 30 минути (2016, Готен)
СФ и дистопија:
Атом и Ева (2012, Готен)
Апокалипса.мк (2017, Готен)