„Приказни обични за луѓе необични е книга“ од Бранко Прља, објавена во 2012, во издание на Готен.
Рецензии / критики:
Авторот користи еден апарат на банализација, на разигрување на фразите и на спуштање на нивото, кој е наследство од авангардата, особено руската авангарда и дадаистите. Таа јазична и авторска маска ја користи, од една страна, со цел универзалните вистини да ги направи достапни и разбирливи за секој. Од друга страна, тоа е израз и на неговиот револт, неговиот интелектуален, да не речам политички, ангажман, но и еден ангажман против уреденоста на светот и тој тоа успешно го прави преку онеобичувањето на нештата.
Но истовремено, освен што е протест, тоа е и повикување на игра – ние да сфатиме дека и зад најбаналните поими може да се најдат некои нови значења и синтагми.
Роберт Алаѓозовски
Тука може да прочитате извадок од оваа книга.