Димитар Димоски е роден на 15 јануари 1992 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на Економскиот факултет при УКИМ во 2015 година. Истата година, своето формално образование го продолжува на постдипломските студии на Институтот за Филм, Филмска Академија Охрид, на отсекот за Креативна продукција. Сценарист е на неколку кратки филмови, работи како филмски и фестивалски работник, а со свои авторски проекти учествувал на повеќе работилници низ Европа. Од 2014 година е активен член на литературниот клуб „Григор Прличев“ од Охрид, каде што преку неделните книжевни средби во охридската библиотека, сериозно започнува со изучување на занаетот на пишување, а воедно и редовно учествува во активностите на клубот. Во 2014 година, со расказот „Создавач на светови“ добитник е на откупна награда на конкурсот за краток расказ „Нова Македонија“. Во 2015 година, победува на конкурсот „Живко Чинго“ со расказот „Мојата куќа во Крс’ Џамија“, а во 2016 година е второнаграден на конкурсот „Нова Македонија“ со расказот „Неми филмови“. Неговите раскази се објавувани во повеќе весници, списанија и интернет портали. Збирката раскази „Неми филмови“ е неговото дебитантско дело.