Елена Конеска Светиева

Елена Конеска Светиева родена е во Прилеп 1980 година. Основно и средно образование завршува во родниот град а студиите по германски јазик и книжевност ги завршува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на групата за Германски јазик и книжевност во 2002 година.

Во 2009 година магистрира на истиот факултет со трудот на тема „Интерпретација на телото и телесното во романите на Елфриде Јелинек“. Како постдипломец престојува на краток студиски престој на универзитетот „Карлс Рупрехт“ во Хајделберг, СР Германија. На македонски превела дела на Јирг Шубигер, Тумур Вермеш, Ерих Кестнер, Вилхелм Генацино, Саша Станишиќ.

Пишува кратки раскази и проза. Автор е на романот „Еднаш одигравме љубов“ објавен во 2016 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *