Елизабета Баковска (1969). Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Докторирала на тема од областа родови студии на Институтот Евро-Балкан. Преведува, пишува поезија, проза и книжевна теорија и критика.
На македонски јазик ги превела Надин Гордимер, Вилијам Фокнер, Бора Ќосиќ, Давид Албахари. Нејзина поезија, проза и критички текстови се преведени и објавени на англиски, шпански, романски, бугарски, словенечки, српски, црногорски јазик.
Објавени книги:
- „Житие на нашата љубов“, поезија (Маседониа Прима, 2003)
- „Четири годишни времиња: раскази за суштински нешта“, раскази (Блесок, 2004)
- „Состојби на духот и телото по триесеттата“, поезија (Блесок, 2005)
- „На пат кон Дамаск“, роман (Слово, 2006)
- „Варварите сè уште пишуваат поезија“, поезија (самостојно издание, 2015)
- „Сопствена соба, сопствено гето: женското писмо во современата македонска проза“, книжевна теорија/критика (самостојно издание, 2016)
- „Тринаесет осврти за книжевни и слични дела“, книжевна критика (Блесок, 2018)
- „Последните голтки: раскази за суштински нешта, вторпат“, раскази (самостојно издание, 2018)