Ѓорѓи Крстевски

Ѓорѓи Крстевски (1981), завршил Руски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Преведува од руски, англиски, српски и хрватски јазик, а досега превел околу 25 книги.

Автор е на една збирка кратки раскази „Обични и необични приказни“ што излезе во 2011 година за издавачката куќа Темплум.

Негови раскази се застапени во антологијата на македонскиот фантастичен расказ „Тешка ноќ“, во антологијата на млади македонски автори „Ветрот носи убаво време“ и во проектот „Раскази.мк“.

Објавува свои дела на разни интернет портали кои ја промовираат уметноста. Освен кратки раскази, пишува и афоризми и поезија.

Живее, работи и (по)лудува во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *