Иван Антоновски (1990) е писател, книжевен критичар, есеист и книжевен преведувач, асистент на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Автор е на неколку книги со студии и есеи за современата македонска книжевност, поетски книги и книжевни преводи. Меѓу другото, автор е на монографските публикации: „Идентитетот е приказна“ (Скопје: Полица, 2022), „Просто и строго – Конески“ (Скопје: Матица македонска“, 2023) и „Од онаа страна на Небиднината“ (Скопје: Дијалог, 2023).
Соприредувач е на три антологии и на неколку други монографски публикации кои се однесуваат на современата македонска книжевност. Бил уредник и соработник на неколку списанија за книжевност и култура, меѓу кои и на е-неделникот „Репер“. Во моментов е уредник на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“. Добитник е на неколку книжевни награди и општествени признанија, меѓу кои се наградата „13 Ноември“ на Град Скопје и наградата „Франк Манинг“ на Ректоратот на УКИМ, како и наградата „Живко Чинго“ за најдобар необјавен расказ во 2023 година. Прогласен е за најдобар млад научник во хуманистичките науки за 2021 година и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“.