Ивица Челиковиќ

Ивица Челиковиќ  (1962, Скопје) е поет, раскажувач и преведувач.

Автор е и на десетина авторски дела, поетски збирки и романи: Школки во рацете (поезија, 1990), Долги граници со небото (поезија, 1992), Метаморфози на патот (поезија, 2002), Зад источната линија (роман, 2004), Возови во пајакова мрежа (поезија, 2006), Праг и огледало (поезија, 2008), Во ѕидот знак (поезија, 2010), Сенки на северот (избор од поезијата, 2013), Skuggor bakom muren (поетски избор во превод на шведски, 2014), Седмиот ден (роман, 2014), Во друга светлина (поезија, 2015), Војници во гумени чизми (роман, 2016), Луѓе без минато (роман, 2018).

Преведува шведска литература на македонски. Превел триесетина дела од познати шведски писатели, меѓу кои од Аугуст Стриндберг, Селма Лагерлеф, Хари Мартинсоен, Торгни Линдгрен, Биргита Тротциг, Гунар Екелоф, Астрид Линдгрен, Ласе Содерберг, Микаел Ниеми, Јонас Хасен Кемири. Катарина Фростенсон. Фредрик Бакман и Хелена Хеншен. Превел и еден роман од норвешки од Кирсти Блум.

Преведува и македонска литература на шведски. Составувач е на антологијата “Македонска поезија“ што во негов превод на шведски е објавена во 2005 година.

Завршил Интердисциплинарни студии по новинарство во Скопје. Студирал и на Институтот за новинарство и масовни комуникации во Гетеборг, Шведска, каде што живее и работи. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1990 година. Од 2003 година е член на Сојузот на шведските писатели.

Негови песни се преведувани на англиски, шведски, српски и персиски.

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои Млада Струга, Златно перо, Иселеничка грамота и Стојан Христов.

Добитник на петгодишна работна стипендија за периодот 2016-2020 година од шведскиот Писателски фонд, која му е доделена за неговото авторско творештво, како и за посебниот придонес во преведувањето на шведската литература на македонски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.