Марта Маркоска е родена на 29.06.1981 година, во Скопје.
Дипломирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност, на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а магистрирала на Интердисциплинираните Културолошки студии во книжевноста, при Институтот за македонска литература во Скопје.
Маркоска е член на Друштвото на писателите на Македонија и досега има 9 публикации:
- Книгата песни Црни дупки во нас (II издание, македонско-англиска верзија, награда “Тодор Чаловски”, 2015)
- Книгата песни Црни дупки во нас (награда “Бели мугри”, 2014)
- Книгата Култура и меморија (културолошки студии), Матица, 2014
- Научната студија Расправа за Зен будизмот (религиско-филозофски трансценденции помеѓу источната и западната мисла), Матица, 2013
- Книгата песни Стрмоглаво кон височините (II издание, Магор, 2012)
- Книгата песни Стрмоглаво кон височините (награда “Ацо Караманов”, 2012),
- Збирката есеи Хипер Хипотези (Институт за македонска литература, 2011),
- Збирката раскази Вител во Витлеем (Темплум, 2010) и
- Книгата песни Сите притоки се слеваат во моето корито (Темплум, 2009)
Маркоска е добитничка на наградите: Прва награда за најдобар расказ на конкурсот Електролит (Темплум / Маргина) за расказот Што се случува кога го читате Фрејзер (2007), награда Ацо Караманов (2012) за поетскиот ракопис Стрмоглаво кон височините; награда Бели Мугри (2014), за поетскиот ракопис Црни дупки во нас, награда Тодор Чаловски за поезија, есеистика, критика и креативни прозни форми, 2015 (прв лауреат); награда за краток расказ на Нова Македонија, за расказот Височините на Феликс (2015).
Нејзиното творештво е преведено на повеќе светски јазици и застапено во повеќе антологии на современата македонска и странска поезија и проза, а самата е составувач на Антологијата на љубовна и еротска лирика насловена Гребени на љубовните пловидби (2014).
Тука можете да прочитате и два необјавени раскази од Марта Маркоска: