Олгица Станковска

Олгица Станковска (Скопје, 1987) студирала Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Во 2012 година ја објавува збирката раскази „Пишанки или раскази на вересија“. Од 2014 година работи како уредник во издавачката куќа „Слово Љубве“ – Скопје.

Еден од позначајните проекти на кои работела е европскиот проект citybooks Skopje, чиј носител е белгиско-холандската организација deBuren. (www.citybooks.eu), во кој учествува како асистент на проект менаџер.

Се појавува и како менаџер на на НВО центар за култура, едукација и толеранција Bukvibooks и како уредник на едицијата „Моја“ застапена во рамки на издавачкиот центар „Слово Љубве“, чија цел е промоција и афирмација на дебитантски авторски дела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *