Роден во Битола во 1964 година. Дипломирал на ФДУ скопје на птскот за драмски актери во 1987 година. Во 2002 година магистрира на универзитетот Св. Кирил и Методиј на областа на комуникологијата, а во 2017 година докторира на Институтот за медиуми и комуникации при Правниот факултет „Јустинијан Први“. Пишува проза, поезија, и есеи како и книжевни критики и критики за театар и филм. Добитник е на неколку меѓународни награди за книжевност како што се ИВА Богдани (Косово) и наградата на Друштвото на преведувачите од Црна Гора. Неговите дела се преведени на српски, англиски и арапски јазик. Преведува од српски и англиски јазик.
Библиографија:
- „Лавина“, поезија, „НБ“, Битола, 1995
- „Обична бајка“, пиеси за деца, „НБ“, Битола, 2001
- „Режисерската семантика на Владимир Милчин“, научна книга, „НБ“, , Битола, 2002
- „Ацо Ѓорчев- актерска легенда“, монографија, “Ѓурѓа“, Скопје, 2010
- „Волшебниот компас“, пиеси за деца, „НБ“, Битола, 2011
- „Плодовите не пеколот“, поезија, независно издание, 2014
- „Пустински цвет“ поезија, независно издание, 2015
- „Твдрина“, пиеси, „Македоника литера“, Скопје, 2016
- „Citadel“, a play, „Lulu“, North Carolina, USA, 2017
- „Чаробни компас“, комади за децу, „Алма“, Београд, 2017
- „Шума“, поезија, „Силсонс“, Скопје, 2018
- „Менување на минатото“, поезија, „ПНВ Публикации, Скопје, 2019
- „Сивиот плоштад“, роман, „ПНВ Публикации, Скопје, 2019