Симон Дракул

Симон Дракул е роден во Лазарополе на 24 септември 1930 година. Починал во Скопје на 11 јануари 1999 година. Гимназија учел во Охрид и во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филозофски науки. Работел во весниците „Млад борец“ и „Нова Македонија“, бил уредник во издавачката куќа „Кочо Рацин“ и директор на драмата во Македонскиот народен театар во Скопје. Член на редакцијата на списанието „Современост“. Бил научен советник во Институтот за национална историја на Македонија. Бил претседател на ДПМ. Член на ДПМ од 1953 година. Добитник е на наградите Кирил Пејчиновиќ и Рациново признание.

Објавени книги:

– Планините и далечините (раскази, 1953)

– Витли во поројот (раскази, 1956)

– И ѕвездите паѓаат сами (роман, 1957)

Белата долина (роман, 1962)

– Буни (триптих: повест, роман, драма, 1980)

– Распаќа (раскази, 1985)

– Архимандрит Анатолиј Зографски (монографија, 1988)

– Или смрт (тетралогија: Глужд, Јас Георги Николов Делчев, Полноќна чета, Кобно место (1989), – Жедна месечина (роман, 1997),

– Апостол војводата (монодрама, 1998)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *