Симона Јовановска е родена на 16.07.1985 година, во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг.
Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“, во издание на „Или-или“.
Во 2019 година за расказот „Последниот кат“, Јованоска го добива второто место на конкурсот на дневниот весник „Нова Македонија“.
Во 2021 година, Јовановска го објави и својот прв роман „Денот на црвот“ во издание на „Или-или“.