Тихомир Јанчовски

Тихомир Јанчовски – поет, професор, преведувач и колумнист. Роден e нa 24 август 1967, во Скопје. Основно и гимназија завршил во родниот град, војска служел во Постојна, Словенија (1986). Дипломирал општа и компаративна книжевност на УКИМ (1991), специјализирал средновековни студии во Унгарија (1996), магистрирал современа историја (2008). Пред да наполни 30 години живеел во родниот град, во Брисел, на островот Скијатос, малку во Амстердам, повеќе во Лондон и Будимпешта, и пак во Скопје. Најмногу во Скопје. Бил трипати на Света Гора, четирипати во Солт Лејк Сити. Работел како физикалец, собар, тревокосач, разнесувач на весници, работник во фабрика за сокови, продавач на тезга (Ковент Гарден), келнер, чувар на плажа, шанкер, новинар, музичар, колумнист, преведувач и професор по литература и светска историја. Објавил осум книги поезија и еден роман.

Библиографија:

  • Обични зборови, Табернакул, Скопје, 1999
  • Два, Кинематика, Скопје, 2002
  • Последно време, Блесок, Скопје, 2005
  • Осама, Или-или, Скопје, 2010
  • О, ти, Темплум, Скопје, 2011
  • Староста може, а и не мора да се дочека, Матица, Скопје, 2013
  • Од збор до збор, Антолог, Скопје, 2016 (избор)
  • Игла и конец, Матица, Скопје, 2016
  • Влакно на јазикот, 2018
  • Godine, Buybook, Sarajevo, 2017
  • The Noise of Loneliness, Inner Child Press, New Jersey, 2018
  • Лидија, или сѐ што знам за жените, поетски роман, самостојно издание, Скопје, 2018

Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија (Млад борец, Студентски збор, Proglas, Texas Poetry Review, Život, Journal, Blesok, Voix Mediteranee…). Преведуван е на англиски, француски, словачки, српски, хрватски, албански, босански, грчки, германски, грузиски, персиски и италијански јазик.

Од 2013 до 2016 објавувал колумни во Утрински весник, во рубриката „рурбано“. Исто и на офф.нет, рубрика „исповеди“.

Неодамна од печат излезе неговaта книга колумни „ Како ми скроија капа и други записи“ (декамври 2018)

Останати дела од истиот автор:

  • Св. Пантелејмон, Нерези, историја, архитектура, живопис (мултимедијално ЦД, комплетно авторство Т.Ј) , Табернакул, Скопје, 2000
  • Пештерските цркви во Македонија (сценарио за док. филм) , Дигитпроп, Скопје, 2001
  • Монаштвото во Македонија, Сигмапрес, Скопје, 2010 (современа историја).

Преводи:

  • Ава Антониј, Атанасиј од Александрија,Табернакул, Скопје, 1997
  • Историја на светот, Плантаџенет Сомерсет Фрај, Просветно дело, Скопје, 2001
  • За молитвата, извадоци од Добротољубието, Taбернакул, Скопје, 2004
  • Живи мошти, Иван С. Тургењев, Православен пат, Скопје, 2007
  • Нерези, Донка Б. Трајковска (на англиски), Сигмапрес, Скопје, 2006
  • Три најважни вистини за човекот, Иван Маринковиќ, Скопска Митрополија, 2008
  • Пиратологија, Даглас Хир, Табернакул, Скопје, 2008
  • Компаративен уставен инженеринг, Џовани Сартори, Табернакул, Скопје, 2009
  • Корупција и власт, Сузан Роуз Ејкерман, Центар за граѓански комуникации, Скопје 2012.
  • Господар на Скопје и други песни, Ахмед Буриќ, Готен, Скопје, 2015
  • Два света, Мевлана Џелалудин Руми, Матица, Скопје, 2018
  • Мајчин јазик и други песни, Ахмед Буриќ, Блесок, Скопје, 2018
  • Условна слобода, антологија на современата БХ пезија, Скопје, 2018
  • Записи за молитвата, Евагриј Понтиски, Метаноја, Скопје, 2018

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *