Вера Калин (Верче Карафилоска, 1994) е македонски романописец и раскажувач. Добитник е на наградите за краток расказ на весникот „Нова Македонија“ (2013) и „Живко Чинго“ (2014). Нејзини раскази се преведени на англиски, српскохрватски и албански јазик и се објавени во неколку книжевни збирки и списанија. Автор е на романот „Бездомникот со златен часовник“ (2015), објавен и во Софија на бугарски јазик, како и на збирката раскази „Ловци на светулки“ (2016).
Во моментов студира компаративна книжевност и работи на својот нов роман: приказна за идентитетот, опсесијата и товарот од минатото, кој ги истражува границите на нештата кои човек би ги направил воден од стравот од осаменоста.
Неодамна стана добитник на државната награда од НУБ „Св. Климент Охридски“ за најчитан автор во земјата во 2016 година.