Критика за „Фото синтеза“

Анѓелков покажува мало привлечно мајсторство зашто паралелно со основната скопска приказна плете уште една што ја маскира како читање на омилената панк лектира, за опасната љубовна игра на двајца млади Лондонци и нивната морбидна тинејџерска смрт. Оваа книшка приказна е контрапункт на сегашната скопска приказна. Таа укажува и на фактотдека Анѓелков е книжевен ерудит кој добро ги познава и ги владее т.н. метатекстуални техники. За разлика од многумина македонски постмодернисти, тој успева и оваа мала барокност дискретно да ја вплете во општата редуцираност на авторското писмо. Тој вели и дека небото над Скопје има боја на бамја. Необична компарација што укажува со каква преданост авторот го обмислува градот. Ретката сезонска билка што е кулинарски деликатес за Скопјани со ретка нијанса, што во себе ги вклучува и климатските, но и еколошките карактеристики на скопскиот хоризонт. Барем таа го наредува Анѓелков во антологиските скопски автори, рамо до рамо со авторите на познатите синтагми “изгор-лето” и “кочан-зима”.
Роберт Алаѓозовски за „Фото синтеза“ во Економија и бизнис

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.