Куса критика за „Дува“

Како дело со читлив и податлив израз кое, ширејќи простор пред бројните асоцијации, знае да го заинтригира читателот со својот необичен заплет, романот „Дува“ се издвои од множеството прозни дела, кои сме ги добиле последниве години, со својата ориентираност кон современата тема, кон оние горливи соочувања, без кои не се можни потрајни и подлабоки продирања на уметничката реч. Препорачувајќи му го со овој краток приказ на читателот, остануваме во цврсто уверување дека тој тие негови својства и одлики лесно ќе ги препознае и почувствува а со тоа и ќе ги прошири своите сознанија за збиднувањата и новите вредности на нашата млада книжевност.

Милан Ѓурчинов, 1973

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *