Разнишан свет и цврсти темели

Свртеноста кон чудесното, односно фантастичното е темел и на „Разнишан свет“ („Темплум“, 2022). Оската има почеток, средина и крај, односно една постепена градација. Збирката почнува со одличниот расказ „Ранобудниот негубинадежник“. Еден текст со сигнификантен наслов, една проза во која го има Гане Тодоровски со „Одата за Делникот“, обичниот ден за обичниот човек или необичниот човек во еден обичен ден. Го има Гане и неологизмите, во кованиците, во едно својско нурнување во јазикот, кое кај Јурчева е на завидно ниво.

Збирката почнува со шармантен портрет на некој чичко од скопскиот плоштад и ве остава со подотворени очи – го знам ли? Го сретнав ли? Ме размина ли? Се поздравивме ли?

За веднаш потоа во некој од следните текстови да го сретнете преведувачот и неговиот плаќач во една чудна атмосфера, во една нејасна просторија која наликува на сцените на Хофман, а зошто да не и на ликовите кај него? Оти нели и овој родоначалник на фантастичниот расказ среќаваше и опишуваше музичари, капелари, витези и песовничари? И секој од нив ем е некој од нашето опкружување, ем за час исчезнува зад свиокот, зад огледалото, зад завесата, зад својата сенка или е – без сенка.

Целиот текст може да се прочита на сајтот умно.мк

https://umno.mk/raznishan-svet-i-cvrsti-temeli/

Александра Јуруковска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *