Вчеравечер, во МКЦ, започна првиот циклус од мултимедијалниот настан „Жив ѕид“ чиј концепт, главно, опфаќа прашања од културата, но и многу други нешта поврзани со неа. Домаќин на „Жив ѕид“, традиционално беше Иван Шопов, а овогодинашниот циклус беше отворен со гостувањето на Петар Андоновски.
Согласно концептот на настанот, покрај разговорот за творештвото, животот и ставовите по разни прашања, публиката имаше можност да слуша и музика одбрана од авторот-гостин.