Иван Шопов е роден 1987 година во Скопје. Студирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на отсекот Општа и компаративна книжевност.
Ги објавил книгите „Азбука и залутани записи“ (Темплум, 2010) – збирка кратки раскази за која ја добива наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, „Меше на годината“ (Темплум, 2012) – песни во проза, „091 – антиразгледници од Скопје“ (Друга приказна, 2017) – збирка кратки раскази и „Скопје: изгубените чевли на градот“ (Или-Или, 2020) – збирка кратки раскази.
Пишува поезија, хаику и сатирични статии.
Негови песни и раскази се преведени на англиски, чешки, српски, словенечки, германски, хрватски и бугарски јазик.
Прекрасен млад човек! Мојот глас оди за Иван Шопов.