Александар Прокопиев

Александар Прокопиев, македонски прозаист, поет и есеист, е роден во Скопје, 1953 година. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот Факултет во Белград, на групата за компаративна книжевност и теорија на литературата. Работи во Институтот за македонска литература при Филолошкиот факултет во Скопје.

Тој се смета за еден од основоположниците на постмодернизмот во современата македонска литература. Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, украински, полски, италијански, руски, српски и бугарски.

Член е на „Независните писатели на Македонија“.

Творештво:
– Младиот мајстор на Играта (збирка раскази, 1983)
– …или… (раскази, 1987)
– Пловидба кон Југ (збирка раскази, 1988)
– Слово за змијата (збирка раскази, 1992)
– Дали Калимах беше постмодернист? (есеи, 1994)
– Патување на сказната (есеи, 1996)
– Ars amatoria (збирка раскази, 1998)
– Слика тркало (хаику, 1998)
– Антиупатства за лична употреба (кратка проза, 2000)
– Постмодерен Вавилон (есеи, 2000)
– Човекот со четири часовници (раскази), 2003
– Борхес и компјутерот (есеи, 2005)
Ѕиркачот (новела, 2007)
– Нови антиупатства за лична употреба (кратка проза 2009)
– Човечулец: бајки од левиот џеб (модерни бајки, 2011)
– Хорацио Цвикало (збирка раскази, 2013)
– Синот-риба (збирка раскази, 2017)
– Делфинот (збирка раскази, 2018)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *