Драгана Евтимова

Драгана Евтимова (1984, Скопје), ги има објавено книгите: „Постоењето на динамиката“ (2005), „Јас сум некаде на друго место“ (2011), „Фусноти по сеќавање“ (2014) и епистоларниот роман „Се гледаме наскоро. Е.“ (2017, заедно со Владимир Лукаш).
Пишува кратки раскази, хаику и поезија. Нејзините песни се препеани и објавени на неколку јазици, меѓу кои: кинески, англиски, српски, хрватски, словенечки, романски, албански, полски, словачки, босански и украински јазик, како и на он-лајн портали.

Застапена е во неколку антологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Словачка и Романија, Украина и Кина.
Има учествувано на бројни книжевни манифестации и резиденцијални престои во Македонија и надвор. Во Приштина на поетската манифестација „Ditet E Naimit“ доби награда за најдобра зборка преведена на албански јазик меѓу два фестивала.

Активно преведува литературни дела од словенечки јазик.

Тука можете да прочитате неколку нејзини необјавени раскази.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *