
Игор Исаковски е македонски поет, прозаист, преведувач и уредник.
Исаковски е роден на 19 септември 1970 во Скопје. Работел како радио и ТВ водител од 1991 до 1999 година и потоа од 2001 од 2003 година, на различни фреквенции. Тој бил основач и директор на културната установа „Блесок“, а работел и како главен и одговорен уредник и веб-мастерот на истоименото списание. Исто така бил уредник на списанието на Независните писатели на Македонија, „Наше писмо“. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, а магистрирал на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии). Починал на 15 декември 2014 во Скопје.
Објавени дела:
- Писма (роман, 1991)
- Црно сонце (поезија, 1992)
- Експлозии, трудна месечина, ерупции… (раскази, 1993)
- Вулкан – Земја (поезија, 1995)
- Небо (поезија, 1996, 2000)
- Гравири – Blues говорница (многу куси текстови, 2001)
- Песочен часовник (раскази, 2002),
- Длабоко во дупката (поезија, 2004)
- Пливање во прашина (роман, 2005, награда Прозни мајстори, 2005)
- Blues говорница II (многу куси текстови, 2006, годишна награда за најдобар визуелно-графички дизајн на печатена книга, 2007)
- Стажиракќи за светец (поезија, 2008)
- Ноќта е најтемна пред разденување (поезија, 2009),
- Дека да (поезија, 2015)