Ирена Јорданова е писателка родена во Скопје, своето образование го завршува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на катедрата по општа и компаративна книжевност. Објавува раскази уште од студентските денови, а нејзиниот прв роман во 2008 година „Помеѓу“ е роман што беше финалист за наградата „Роман на годината“ на Утрински весник истата година. Вториот роман „Катализатор 33“ е преведен на англиски јазик и во 2012 година беше еден од најсимнуваните романи на Амазон. Нејзините раскази се објавувани во македонски антологии и преведувани на неколку светски јазици. „Послушен брод што плови“ е нејзиниот трет роман.
Есеи:
- „Постколонијално читање на драмата “Отело” од Вилијам Шекспир“
објавен во „Наше Писмо“ (2005)
Раскази:
- „Улици“ дел од изданието „Пресметка кај ОКК“ (2005)
- „Бони и Клајд“ електронско издание „Блесок“ (2007)
- „Мајка Расоуштеница“ издание БЈЦЕМ (2009) објавено од НОВА (2013)
- „Неколку скалила до небото“ дел од „Антологија на македонскиот современ расказ“ издавач Феникс (2012)
- „Две минијатури“ издавач: Лице в Лице (2013)
- „Милисекунди љубов“ магазин LITTLE GLOBAL CITIES (2014)
Превод:
- “The Catalyst 33” by Irena Jordanova, KDP (Kindle Direct Publishing) Amazon, published 2012
- “Millisekunden Liebe” eng: Milliseconds of Love – LITTLE GLOBAL CITIES – Skopje, Kerber Coulture, 2014, German and English language