Јован Павловски

Јован Павловски (Тетово, 10 август 1937) — македонски поет, раскажувач, романописец, енциклопедист, писател за нaјмладите, публицист, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во Нова Македонија, нејзин дописник од Париз и Москва. Од 1980 до 1986 г. е вонреден професор по теорија и практика на новинарството на Интердисциплинарните студии по новинарство на Унивезитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Издавач и главен уредник на месечникот „Македонско време“ (на македонски јазик) и “The Macedonian Times” (на англиски јазик).

Уредник и издавач на првата македонска енциклопедија „Мианова енциклопедија: општа и македонска“.

Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1992 год, во три мандати (1992-1994, 1994-1996, 2007-2008) негов претседател, член на Македонскиот ПЕН центар. Автор e на педесетина (прво издание) книги.

Збирки поезија: „Август“ (1961), „Медеја“ (1969), „Идентитет“ (1974), „Оксидирања“ (1983), „Прераскажување на ентитетот“ (1985), „Строгоста на живењето“ (1988), „Препознавање: Зрело доба“ (1993); „Последните 48 часа на професорот по историја“ (1993), „Стварна промена“ (1996), „Одработен страв“ (1999), „Кревкото тело на Кирил Пејчиновиќ“ (2000), „Стравот на професорот“ (2001). Избори поезија: „Ментален простор“ (1900), „Повлекување на стварноста“ (1997), „Поезија“ (1998), „Песни, многу важни песни“ (избор поезија за деца, 1998). Збирки раскази: „Ѕвездена прашина“ (1978, три изданија), „Близини“ (1979, три изданија), „Луѓе во зло време“ (1981, три изданија), „Семејни иверки“ (2004).

Романи: „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“ (1972, четири изданија, Рациново признание), „Сок од простата“ (шест изданија, награда за најчитана книга, 1991), „Проверка на слободата“ (награда „Стале Попов“ на ДПМ, 1998).

Повести: „Тетратка прва: Диме“ (2005); „Тетратка втора: Миша“ (2005); „Тетратка трета: Страшо“ (2005).

Книги за деца: Стихови: „Мишо ишо шо-о“ (1972, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади), „На сите свететски страни само Ани, само Ани“ (1980, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади); „Тевеѕирка“ (1994), „Река-а-а!“ (1996). Проза: „Блиско сонце“ (1972, роман, три изданија); „Значка“ (1978, роман, две изданија, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *