Кица Колбе (1951) студирала филозофија на универзитетите во Скопје и Белград. Магистрирала на естетиката на Теодор В. Адорно, а докторирала на германската естетика од 18-от век. Неколку години работела на катедрата за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Од 1990 година се посветува целосно на прозата, особено на романот.
Нејзини дела се: „Егејци“ (Култура, Скопје, 1990), „Снегот во Казабланка“ (Издавачки центар Три, Скопје, 2005), „Жените Гаврилови“ (Табернакул, Скопје, 2008), „Река во наследство“, „Ein Fluss als Erbe“ (Скопје и Лангенфелд, 2009) и „Земја на бегалци“ (Или-Или, Скопје, 2018).
Нејзиниот роман „Снегот во Казабланка“ е добитник на наградата „Роман на годината“ од Утрински весник за 2006.
„Жените Гаврилови“ беше македонската номинација за наградата „Балканика“ во 2009 година.