Симеон Јанков

Симеон Јанков е роден на 21 август 1981 г. , во Скопје. Завршил средно во Корчагин. Дипломирал Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Во средношколските и студентските денови, се занимавал со бокс, а многу години подоцна, веќе не толку редовно и пред сѐ, од чисто задоволство, и со уште два други боречки спорта. Во минатото, аматерски се занимавал со проучување на словенската митологија, а во последните неколку години, страсно ги проучува врските меѓу македонскиот јазик и словенските, воопшто, од една страна, и останатите индоевропски јазици, од друга, фасциниран од нивната блискост, која најчесто не е воочлива на прв поглед, притоа служејќи се со литературата на некои од најголемите и најреномираните научници на тоа поле, како Макс Фасмер, Рик Дрексен, Олег Трубачов и други, и се надева дека, некогаш во иднина, користејќи ги живите и најфасцинантни примери, ќе напише една небелетристичка книга од таа област, читлива и достапна за пошироката публика. „Црна шума“ е неговиот прв испечатен роман. Живее во Скопје, продолжува да пишува и романот е засега единствениот литературен жанр во кој се пронаоѓа. Во 2022 го објави својот втор роман „Најосаменото место“. Преведува од англиски, руски, српски и хрватски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *