Владимир Јанковски

Владимир Јанковски (Скопје, 1977 година) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во повеќе издавачки куќи.

Ги објавил следниве книги: Невидливи љубови (роман, 2015), Вечно сегашно време (роман, 2010), Лицата на невидливиот град (заедно со Иван Блажев, фото-есеи, 2010), Скопје со широко отворени очи (заедно со Иван Блажев, фото-есеј, 2008), Огледало за загатката (2003, разговори со Влада Урошевиќ), Скриени желби, немирни патувања (роман, 2020).

За романот Невидливи љубови ја добил наградата „Рациново признание“ и бил македонски кандидат за наградата „Балканика“.

Активно се занимава со книжевен превод. На македонски јазик превел книги од Дубравка Угрешиќ, Миљенко Јерговиќ, Јанис Јоневс, Маргарет Атвуд, Мухарем Баздуљ, Ијан Мекјуан, Џон Фанте, Ведрана Рудан, Горан Трибусон, Слободан Шнајдер, Милош Црњански, Филип К. Дик, Зоран Фериќ и други…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *