Владимир Плавевски е роден во 1948, е романсиер, драмски писател, фотограф, режисер, доктор ОРЛ специјалист. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 год.
Автор е на сценарија од кои за МТВ до сега се снимени над 40 епизоди од играната серија „Еурека“, „Прекалени“, „Светски бајки”, „Македонски бајки“, и „Златни басни“.
Сценарист на ТВ филмовите: „Состојба пред инфаркт“ (1987 год., режија З. Младеновиќ – Окан), „Бог да ги убие шпионите“ (1993 год., режија А. Алексов) и „Вампирџија“ (2002 год., режија Г. Тренчовски).
Преку Советот за радиодифузија во 2005 год. е реализиран неговиот проект „Бои во времето“; во 2007 год. ТВ филмот „Нави“ а во 2008 год. го режира ТВ филмот „Мултиплеј“. За Македонското радио му се снимени 10 радио драми.
Неговите драмски текстови „Пипа Ритам“, режија Р. Бурхан (1986), „Балерината“- режија Б.Брезовец (1994), „Кралот Хамлет“ (1995) режија Б. Брезовец и „Каста Дива“ (1997), режија на Б. Брезовец, детскиот драмски текст „Трагачи по виножитото“ во режија на С. Билал (1988) и „Министерот и јас“ во режија на Д.Наумовски (2002 год.) се поставени на сцената на Турскиот театар во Скопје; Драмата „Раскол“ во режија на Б.Брезовец во Народниот театар Куманово, 1998 год.; Драмата „Операција Лир“ во режија на В.Талески за Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица во 2002 год.
Објавил дванаесет книги:
- „Папарацо-феномен на денешнината“ (1997)
- „Градител на боговите“ (драма, 1997)
- „Фотографија“ (учебник, 1998)
- „Играч на Фанта“ (збирка раскази, 1999)
- „Амкање“ (збирка раскази, 2001)
- „Ловец на самовили“ (збирка раскази, 2004)
- „Поплава“ (збирка раскази, 2006)
- „Цена од Ново маало“ (роман, 2009)
- „Последниот Сплавар на Вардар“ (роман, 2010, а неговото второ издание „Сплаварот“, 2012, е преведено на бугарски и на полски)
- „Вистински приказни“ (збирка раскази, 2011)
- „Јадица“ (роман, 2013)
- „Комита“ (роман, 2015)
- „Земјотрес“ (роман, 2017)
Владимир Плавевски има освоено неколку награди за неовите раскази, а со романот „Јадица“ ја добива наградата „Роман на годината“ на Утрински весник за 2013.
Има одржано 23 самостојни изложби на фотографија.