Белата долина (извадок)

Извадок од романот „Белата долина“ на Симон Дракул.

…Сега Змејко лежеше оптегнат колку што беше долг на тврдиот дрвен кревет; а сето, што му помина низ сеќавањето, беше само едeн бегол поглед врз сето она, што го чуваше во себе за оној човек, што по испрати пред малку во снегот, пред да го мрази.

Она, што го определуваше сегашниот негов однос, дојде дури после, во овие неодамнешни времиња; и траеше тоа и до оној ден, сиот снежен. Сега оној им беше во срцевината на нивните селски работи, а сето беше токму онакво, за какво што Змејко уште одамна, уште од почетокот, се плашеше дека ќе биде. И, додека размислуваше за тоа, додека се труеше од тие мисли, што го печеа во неговата внатрешност, Змејко можеше само да се превиткува како ремен, издолжен на тоа тврдо легло, пред да почне да стени.

Оној ја правеше нивната Задруга. Еден ден во неа мораше да влезе и Змејко. Тој отпрвин можеше да гледа со недоверба и на Задругата, како што би гледал и на сѐ друго, што би го почнал оној. Но, после тој сепак мораше да се запише. Беше едно такво време, а и сега е едно такво време, што зачленувањето во Задругата беше неминовно, а оној сега беше Претседател.

Задруга, мислеше. Колку е големо, сето тоа. Јас сум го сфаќал уште многу одамна тоа. Таму беше можеби и причината да се согласам да го внесам и јас мојот имот и да го смешам во заедничкиот. И тоа, мислеше сега Змејко, а и оној мој Брат. Но, и каде би одел ако не влезев, мислеше Змејко; која пустина би фатил, сам…

Змејиед првин беше бригадир на градежната бригада во нивната Задруга. Со неговата недоверба и со заплашеноста во него везден се мешаше и она неизбежно воодушевување, без кое тој не можеше ни да биде. Тие времиња Змејко многу често помислуваше дека не може да е повеќе никаков привид приближувањето на судбините со оној човек, со кого чеото си изнаоѓаше дури дека има иста мисла. Многу селани се призапишаа во Задругата, слушајќи го него, а Змејко ним зваеше понекогаш да им зборува за тоа со ноќи долго. На сите работи, што ги започнуваше така, не можеше да не им се даде сиот, така што да не остави ниедно делче од себе си вон; беше создаден таков. И тогаш тоа најпрво време чиниш беше прероден што беше успеал некако да поверува. Но правеше сѐ и сите други да му поверуваат. И навистина, луѓето му веруваа нему.

Иако сега беше сознаен дека биле неговиот најгорчлив привид, сепак, тие денови ги имаше тој како најсреќните и највистинските од својот живот. Му беше добро и мислеше дека никогаш не ќе успее да се замати; при што речиси имаше заборавено со кого си има рабога. Го сакаше она, што се случуваше со нивното печалбарско село; луѓето тука беа запрегнати сите да си го бараат заедно својот живот, и успеваа во тоа; мислеше дека сите околу го чувствуваат токму такво сето, а сега знаеше дека грешел. Едноставно не гледал малку подобро околу себе уште тогаш, уште на самиот почеток. Беше загледан напред, а кога се гледа таму не можат да бидат забележани сите оние гомарни ситни нешта, што ти се препкаат околу нозете. Беа запнати да направат една добра Задруга; ниеден од неговите селани, заедно со кои тој до неодамна војуваше, а тогаш беа дојдени од Армијата, не се жалеше оебе си да стори сѐ да биде тоа една навистина добра, една нивна Задруга. Едно село, како една куќа, сите добрини и сите грижи — заеднички, каде е тоа време? Можеше само да биде сонувано; а сега не ќе ме натераш повеќе да ти поверувам во тоа заби коњски да пуштиш, мислеше. Жално за сето; а за мене пекол.

А сето висело само на една тенка нишка и како само да си го чекало денот кога ќе се урне. Колку многу може да му одземе на човека само еден ден…

: Змејко сето време и пред тој ден насетуваше по нешто; целата година, додека беа запнати од петици да го направаг она, што го имаа наумено, не беше без таа невера во себе; но, ниеднаш не ѝ обрна достатно внимание, понесен од работата. Тие две нешта кај него ниеднаш не одеа заедно. Им правеа куќи на погорелците од војната. Ги ѕидаа, тие нови куќички, во еден прекрасен ред, им се радуваа заедно со дечињата, што беа останати без куќи во оние неколку воени ноќи, така што веќе беа одвикнати да имаат своја дома, а сега од утро до мрак стоеја крај нивното градилиште и гледаа како никнат нивните нови куќички со своите чудно умни стармали загрижени очи. За после очите и на сите мајстори да им просолзуваат во непријатниот донемајкаде смешен плач, измешан со бранливата и во сапови надојдена смеа, крај тие дечиња, додека им помогнуваа да се населат во нив. Беше понесен од тие едноставни убавини и човештини, во кои беа запливани со него сите негови од бригадата; никој не можеше да го натера да поверува дека макар и нешто малку наоколу и не е толку чисто. Сѐ до оној ден…

Оној ден. Го градеа тогаш домот. Беше еден добро замислен, просторен задружен дом, полн сонце. Утрината беше чиста, како планински вруток. Чекаа на скелињата да им донесат вар. Беа качени високо, го ѕидаа вториот кат. На скелињата почнаа весело да се довикнуваат, кога ја видоа колата, што се подаде оздола по сокакот. Беа дојдени на работа уште пред сонце; тогаш никој не прашуваше за времето и за тоа колку си работел; за сите беше важно работата да се врши и да се искористи времето. Змејко му свика. на коларот да растовари под него, но оној како да не го чу. Потера нагоре по средселото. Змејко тогаш скокна од скелето и го фати коларот за вратот; не беше време за шеги.

„Каде?“

Коларот на тоа му рече дека таа вар ја носи кај Претседателот.

Се извива — пргава змија — не се дава таа, првата мисла дека тој се шегува. Потребно му е да се преврти одвнатре, со утробата вон, до мигот кога мораше да поверува. Та зарем Претседателот немаше здрава куќа ?

А беше добро, си зборуваше сега сам со себе Змејко, добро беше што ја фрли мистријата и што замина по коларот, додека некој по тебе запраша од скелето:

„Што, зарем ти не знаеш?“

А некој друг од мајсторите прирече уште; и тој чу:

„Сега ќе биде што ќе биде —“

Беше добро и што отиде кај Претседателот, и што виде дека со таа вар, што вие ја чекавте целата утрина, и што ја штедевте, бидејќи ви беше пред крај, тој си ги дотерува ѕидовите во дворот, прави да му биде лично, и дека дури неколку мајстори од твојата бригада работеа тука, без да знаеш ти.

Беше добро и што му се пикна дома, и што не му рече ни Наздравје, кога го најде како поручува. Сето тоа беше добро, како што беше добра и твојата прошетка низ сите соби по неговата куќа, каде што откри дека во секоја соба тој веќе има и по еден персиски ќилим, од оние шго ги ткаеја девојките од Текстилната бригада. Тоа ти требаше да го знаеш. Беше крајно време и ти да го откриеш еднаш она, што некои веќе одамна го знаеја, кога ги најде во тие соби и сите оние ситници, што беа задружни, и кои, којзнае како, ти ги снемуваше една по друга од пред очите, без да го заушуваш тоа. Добро беше и што го праша дали некаде се должил себе си со таа вар и со таа работна рака и со сите тие ќилими, на што тој ти се исклешти:

„Знаеш, претседателоса куќа. Може да дојде секој…“

А неговата руса жена, целата набрекната во градите и во рамената, гледаше по стапалките, што ти ги оставаше со своите опинци, секој миг готова да ти се врекне како да си ѝ згазнал на бос палец.

Добро беше, кога излегоа по тебе во дворот, што му рече нему:

„Слушај, бреј, копилјаку мајчин. Зарем и од нас ќе продолжиш да крадеш…?“

Тоа не беа ни зборови; зашто ти уште ниеднаш во твојот живот не си имал нешто што би можел погневно некого да го прашаш.

Јас пак ти велам дека беше многу добро, твое, сето тоа, сѐ до тој миг. Та еднаш мораше и да ти пукне пред очи, а потоа веќе зарем можеше некој да те запре да не одиш до крај. Не ти чинеше она понатака.

Требаше, сега и ти тоа можеш многу добро да го знаеш, требаше, со чекичот, што го имаше заборавено в појас уште кога тргна по коларот, а патем го пронајде таму и го зеде в рака да не ти се истресе некаде, требаше со тој чекич, што се меткаше сега де во едната, де во другата твои празни, издолжени, тешки и увиснати раце; требаше со него, по главата, и да го пропаднеш на дну земи, тогаш, додека стоевте, во дворот. Тука, во неговиот двор, Претседателот, сиот блед и изгубен во вратата, поцеден по муцката од маста од пржените јајца, што ги поручуваше, со касајот в уста, да го акнеш со тој чекич, туп од камењата, што ги кршеше со него во ѕидањето и сиот бел од исушениот малтер со сламки, ех, зошто не го стори тоа, зошто…

Место сето тоа, ти, застанат таков пред жената и со оние тројца мајстори, што ти дишеа во вратот; пред жената, целата раздрохтавена како пауница од задружната благота, како да не можеше да смислиш ништо друто, освен да ги требиш сламките од засушениот малтер по чекичот во твоите раце, сѐ додека не ти текна онаа мудрост, која едвај уопеа да ја протепкавиш во неколкуте збора што ги исцеди од својот гнев како од кремен:

„Од утре да си сакаш друг бригадир за твојата градежна бригада, чу ли…“, со растреперени вилици и како да се наоѓаш под урнатините од твоето најскапо здание што некогаш си го градел, а тоа сега се уриваше над тебе, над твоите раменици, те треснуваше право по челото, те толчеше по рацете, во лицето, в теме, в тил, во утробата внатре, посреде, а нозете од тоа ти беа тешки како потонати и натрупани до над колениците веќе во тие урнатини.

Едвај си ги отпрета нозете, оловни од тоа. И ги покрена, да заминеш. Замина, којзнае каде; се изгуби, којзнае во што; го остави оној; со неговата гоена жена на прагот; го остави да си биде, да си претседателува и понатаму да краде. Откри нешто, што те исуши целиот; откри нешто, што помина низ тебе, како рофја, те изгоре и те остави да се меткаш со денови по шумата, по беспаќата, а деновите ти беа од таа пустош црни. А требаше, сега и самиот знаеш, требаше да сториш нешто сосем друго, барем да покренеше нешто, да дигнеше некаков глас, да запрашуваше, да ја испразнеше својата разгневеност во неколку прашања. А ти, ти измолче, за сѐ. Зошто ли измолче за сѐ, зошто…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *