Метаморфузија (извадок)

Извадок од збирката раскази „Метаморфузија“ на Драган Георгиевски.

Црн Мачор
досаден. Еднаш беше толку досаден што немаше врска. Јас и мојот црн мачор многу често пешачиме и зеваме во природа. Заедно молчиме, се качуваме по дрва и мјаукаме во кино. Тој сака да чита поезија но јас не сакам па го Кога бев мал имав многу другарчиња што ги мразев. Некои повисоки, некои пониски, некои црни, некои плави, некои смеѓи, некои тешки сељаци. Мојот црн мачор го знае тоа. Мразам многу работи во суштина. Мојот црн мачор го знае тоа и преде. Понекогаш мојот црн мачор е многу тепам. Многу често го тепам. Понекогаш го тепам со една виљушка која ми остана како спомен од мојата бивша девојка. Го тепам по глава. Го тепам секој ден и во петок. А многу е мил мојот црн мачор, дури и име му дадов, а тој, се лиже под кревет и не сака да се вика така. Добро го истепав. Многу го сакам мојот црн мачор. Не знам што би правел без него. Тој е мојата единствена инспирација. Еднаш ме инспирираше да направам мал брод од шајки. Кога добро го загледав бродот, на брод не личеше. Многу се изнервирав! Почнав да го тепам мојот црн мачор. Кога добро го истепав, го земав бродот од шајки и отидов до контејнер да го фрлам. Во контејнерот забележав едно мало циганче како плива низ кеси и го свири Шопен на нос. Прво му дадов еден аплауз, тоа го зема аплаузот и го пикна во џеб, а после му го поклонив и бродот од шајки. Срцето ми се исполни кога ја видов таа негова детска насмевка. Толку се радуваше што почна да кива цела опера од девет саати. Го ислушав и се вратив дома да го тепам мојот црн мачор.
Во средата, мојот црн мачор, ми направи голема беља. Се степал со ќерката на комшијата. Многу го тепав после тоа. Го тепав од жал дека го тепам.
Се расплакав.
Ги изедов сите колачи од фиоката. Почнав да ја гризам и фиоката и да се чешам за брадавица. Не ми беше сеедно. Ми беше повеќе од едно. Ми беше две.

Рефлекс
Секојдневната досада и неразјаснетите стресни ситуации повеќе не се издржуваа. Морав нешто да променам. Се јавив кај мојот психијатар, очајно барав помош. Плачев како дете, се лигавев на слушалката, протнав конец низ игла. Овој ми нафрла многу мислења, ми препорача многу филмови, ми рече да јадам некои зеленчуци, почесто да крварам од уши, почесто да мешам вода и лимон или вода и портокал, не знам, зборуваше брзо па ништо не можев да запамтам.
Решив да ги повикам кај мене дома буквално сите луѓе кои ги познавав. Дојде и мојот психијатар но цело време се криеше во тоалет, имаше некои умствени проблеми, мислеше дека е гасеница или нешо.
Како и да е, ги седнав сите во дневната соба, вклучив вентилатор, пуштив тивка музика, донесов пиво, переци, цигари, спржив четири јајца а сварив две. Почнав да разговарам со сите, одеднаш.
Многу беа конфузни разговорите, збеснав и рипнав. Како што рефлексно ја помрднав левата нога, удрив со малиот прст во машина за шиење на која шиеше баба ми откако почина. Толку ме здоболе што се соблеков, направив салто у вис, го гризев столчето и удрив со главата во полнач за лаптоп. Ги избркав сите на шамари и на клоци. Стоев гол пред врата, ја кренав левата нога и со десната рака го стискав малиот прст додека со левата се потпирав на вратата, да не паднам.

Он
Отидов во Индија кај еден од најпознатите учители, Он. После кратка медитација чучнавме еден наспроти друг. Он ме погледна и ми шепна:
„Оној кој бара ќе најде, дури и ако најде ќе бара да најде нешто повеќе, доколку, сепак. Мудрост е вистинскиот користење со знаење и среќа. Мудриот човек е супериорен во однос на било кој навреди кои може да се стави врз него. Никој не е толку глупави но тој понекоѓаш може да даде. Паметен човек прави грешка но после учи од него и самиот себе се возбудува и прави нешто како што веќе знаел. Ако се добие, да се добие сите, ако го изгубиш, ќе го изгубиш ништо, ако сакаш”.
Ја – „Шо?“
Он – „Мајка ти!“, и ме удри со папуча.
Ја – „Шо се мааш бе?”
Он – „Шо е бе?“
Ја – „Шо е бе?“
Он – „Шо е бе?“

Писмена работа по македонски јазик тема: природа
Јас сакам многу природа. Со мајка ми порано ме носеше на планина и ми беше многу убаво. Хоризонтот беше некако несозреан и зелен, со малку жолто од страните. Имаше една река ако може да се сеќавам сега и беше многу убава и плава. Си течеше цел ден и не се замараше многу со ствари. Се сеќавам, може да ми текне, дека видов едно мало пиле како лежи на тревата, го земав во раце и го однесов дома. Одма му дадов аналгин и парацетамол. Си заспа. Кога стана од заспивање јас го пречекав и го дочекав, па после малку го почекав, па му дадов топол чај, го галев по клунот со капаче и му дадов супа. После му дадов да јаде бисквити. Следниот ден пилето оздраве и јас го вратив во природа, каде што му е убаво. Се качив на највисокото дрво и го пуштив да лета. После сфатив дека пилето не беше болно туку имало скршено крило па падна и умре. Многу плачев после тоа. Мајка ми ми викаше да не плачам али ја плачев. После се собраа сите роднини кај мене дома и ми викаа да не плачам али ја плачев. После цело маало потпишуваше петиција за ја да не плачам али ја плачев. Плачев неколку дена па се смирив, ми купија трансформер.
После тоа отидов пак во природа. Се шетав ја во природа и ми беше многу убаво и закон. Бев многу среќен, несакајќи. Бев малку расеан и сакав да издишам ѕвезда. Без да видам, згазнав полжав. После видов дека сум згазнал полжав, го земав во раце и го однесов дома. Издробив аналгин, го помешав со вода и го намачкав. Викнав инженери да му ја средат куќичката додека тој одмара во тивко. За неколку дена инженерите му ја средија куќичката и полжавот си влезе дома и си потскокна. Ме покани на едно кафе. Јас мислев дека ќе ми се заблагодари а тој ме удри со нешто тешко и ја се онесвестив. Ме чуваше кај него во куќичката заврзан за шпорет. После полжавот од фиксен се јави кај мене дома и им кажа на моите дека ме има киднапирано и дека бара 100.000 денари во кеш, и во пари.
Ја потекнувам од сиромашна фамилија па татко ми и мајка ми немаа толку пари. Татко ми сакаше да ограби банка али се сопна па го фатија и заврши во затвор а мајка ми последните пари ги играше на Интер а овие заебаа работа, изгубија дома од Катанија 0-2. После неколку недели сите се откажаа и мислеа дека сум мртов, или умрен. Поминаа осум месеци и полжавот умре од срцев удар, срцето му издиша како дупнат балон у есен. Се извлеков некако од неговата куќичка и избегав силно. Бев многу гладен и ми беше жедно. Паднав во една дупка и заспав. Сонував како животот ми се појавил и се разбудив.
После еден саат ме најде една баба. Ме однесе кај неа дома и ми даде аналгин, парацетамол, кафетин, дијазепам, лидаприм и курсетреселим. После ми даде да јадам леќа со ориз. Кога оздравев и ми беше боље, бабата ме крена во раце, се качи на највисокото дрво и ме пушти да летам. Паднав, шинав врат и малку подразмислив.

Крај.

Симпатија
Прв пат седнав до симпатијата.
„Здраво“.
„Здраво”.
Краток молк.
„Често доаѓаш тука во парк?“
„Да. Ти?“
„И ја“‘.
Краток молк.
„Што музика слушаш?”
„Од сѐ по малку. Ти?“
„И ја“.
Краток молк.
„Која ти е омилена боја?“
„Зелена, но сакам и жолта понекогаш. Ти?“
„И ја“.
Краток молк.
„Какви филмови гледаш?“
„Па не знам, секакви. Ти?“
„И ја“.
Краток молк.
„Какви книги читаш?“
„Од сѐ по малку. Ти?“
„И ја.“
Краток молк.
„Колку години имаш?“

„Деветнесет. Ти?“
„И ја“.
Крашок молк.
„А како се викаш?“ „Анастасија. Ти?“
„И ја“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *