Последниот сплавар на Вардар (извадок)

Извадок од романот „Последниот сплавар на Вардар“ на Владимир Плавевски.

11. Дојни русалки

„Мајстореее!“ свика Арсение.
„Не се дери!“ одврати сплаварот, се уште занесен во пустите желби.
„Карпа! Карпа пред нас!“ списка Арсение, покажувајќи на карпата што зад свиокот сред реката одеднаш се испречи пред нив.
Сплаварот се сепна и силно ја повлече дујмијата. Сплавот се заврте во круг. Сплаварот ја повлече дујмијата во спротивната пасока. Сплавот за миг престана да се врти. Водената струја го занесе сплавот. Сплаварот со дујмијата вртеше в место, да го сопре ударот на сплавот во карпата.
„Ќе удриме! Мајсторе, ќе удриме!“ крескаше распаничено Арсение.
Сплаварот повторно ја повлече дујмијата. Сплавот се сврти околу себе и во темпосината карпа сред река не удри со предниот дел каде што Арсение стоеше накострешен како еж, туку со десната страна. Сплавот отскокна, но од потисната сила на водената струја сплавот се прилепи до карпата и почна да струже како е’ѓе2″ по карпата.
Арсение помисли дека ѓаволот му се надвиснал над главата да му ја џапне душата. Карпата се движеше полека над Арсение додека сплавот со звук од кој се ежи кожата гребеше по карпата. Ечеше грозоморно чкрипење. Дрвените греди, потиснати од водената струја и од отпорот на карпата се разместуваа, пукаа ортомите со кои беа изврзани, а гредите се чукаа една со друга.
Арсение сфати дека сепак сѐ уште е жив и здрав; престрашен до коска.
2,1 Турпија.

„Дојно мори русалике, спаси нѐ!“ крикна.
Сплавот се тресеше небаре некоја ѓаволска сила го тресе. Дрвјата од кои беше составен почнаа меѓусебно да штракаат, купчињата јамболии се тресеа и играа, а Арсение и сплаварот од силното тресење поскокнуваа сиреч танцуваат некој пагански танц врз диреците што трепереа.
Арсение со долгиот стап почна силно да турка врз карпата. Одеднаш стаиот прсна, тој се занесе и тресна врз карпата. Ударот во карпата го отфрли назад во сплавот. Од носот му џрџнаа шурки крв, во опулот му искреа светулки чунки гледа полски светулки сред ноќ во миризливо поле…
…Фркна силен виор.
Душата на Дојна русаликата одеднаш се разбуди, се престори црвец и риејќи излезе низ порите на кожата на Арсение. Воздухот стана смрдлив, го притискаше како орман, а ветрот стивнуваше.
Дојна русаликата почна да танцува; танцуваше и низ воздухот и низ водата. Ритамот се забрзуваше во налудничавост. Танцот на Дојна русаликата беше толку молскавичен што од неа блескаат веди. Дојна русаликата виореше игра, бескрајно, недостижно…
Штурците свиркаа налудничаво; Дојна русалката почна да танцува покрај реката што се вцрви од крвта што и капеше од нејзината матка. Реката се престори крвав кристал што пулсира.
Ветерот фучеше и ја спроструваше нејзината снага врз кристалното огледало. Дојна русаликата се растопи. Снагата ѝ капеше како загреан восок врз кристалот. Нејзиниот танц беше неусетен, како тивко ветре кое рие по порите на животот сѐ уште незатнати од смрдливата пот на умирањето…

Дојна русаликата танцуваше на брегот, според тактот на брановите. Нозете ѝ се драскаа од камењата и ѝ свенуваа…
„Немаш глуждови“, се слушна подбивен смев на Арсение.
„Имам стапала, имам нежни мали прстиња, имам розови нети и нежни табани страдни за милувања“, мрмореше Дојна русалката и лееше солзи врз Арсение.
Краповите, оплакнати со водените бакнежи на нејзината душа, повраќаа трулеж со кој ткаеја обувки за нозете на русаликите.
„Што се случува со моите нозе?“ праша Дојна русаликата.
„Сега ќе можеш да танцуваш колку што сакаш“, одговараа свстулките додека се давеа во водата како слепци заскитани во темнината, малаксани од истрошената виделина. Од здавените светулки ‘ртеа безброј синкави икри…
Од икрите мигновно се котеа безбројни Дојни русалики и треперсјќи со своите тенки нозе ја скокоткаа водата. Водата им ги плеткаше косите и им ги будеа прчлестите боски на малите гради, се заменуваа од сладостраст, ги опфаќаа како вител, ги подигнуваа и ги легнуваа на песокот избербатен со лигави алги. Девственоста им се распрснуваше како искра и бегаше од распаќето на мазнокожните нозе. По некој заталкан крап го гледаше танцот на воденото силување и подголтнуваше крвјосани искри на изгубеното девство разлеано во водената пена…
Дојни русалките липаа, небаре жалат по пајажината на невиноста, расплеткуваа коса и со косата ги криеа ситните гради со острите боски и црниот меѓуножен, мувлосан триаголник. Косите им ткаеја костим од провидна свила и како жедни пијавици се лепеа на нивната бела кожа, смукајќи им го здивот од порите…
Сонцето се давеше во пеплосаната вода и повраќаше небесен лазур.

Сиви облаци се ѕвереа од небо и ја ораа синевината. Разораната синевина пораѓаше руменило што се потпикнува во скутот на хоризонтот. Распукнуваа ѕвездите со трепетлив лелек на безгласен детски плач. Ноќта го здушуваше руменилото на хоризонтот и се туркаше во пазувите на свенатото небо. Облаците предавнички ја менуваа формата, а водата го наслушнуваше црцорењето на брановите кои го голтаа здивот на прегладнетите крапови…
На дното на водата, се будеше Дојна русалката заробена во икри. Косата ѝ беше залепена за меката, пифтиеста кожа, небаре ѝ станала втора кожа. Сакаше да ја одлепи кожата од својата коса, но како што ја одлепуваше, така од неа бликаше крв.
Дојна русалката брзо доплива под водата до брегот, излезе од водата, а косата, под врелото сонце што ја жареше, одеднаш пламна. Пламен факел се престори Дојна русаликата.
Крескаше…
Нејзиното крескање му се вовре како змија во мозокот на Арсение. Сакаше да ги отвори очите, но клепките не му се помрднуваа.
„Оооооо,
Арсение,
љубов моја немерена,
спаси ме!
Изгорев!
Спаси ме!“
Арсение не успеа да ги отвори клепките. Со дланките ги кинеше клепките од очите. Бликнуваше пламен од неговите очи. Низ пламен опул ја забележа Дојна русаликата како пламти на брегот. Со рацете плискаше вода врз неа. Пламенот се разгори.
Дојна русаликата врескаше.
„Оооооо, со вода да ме угаснеш не можеш!“
Арсение се стаписа.
Дојна русалката беше заробена од огнот што ѝ ја гореше кожата. Мирисаше гнасен мирис на ќуќур212. Димот го опколуваше.
„Со што да те угаснам?!“ кресна.
Екна грозоморен глас:
„Ооооо,
Арсение,
љубов моја немсрена, гасни го мојот плам само со крвта твоја!“
Арсение се вкочани.
Повеќе не можеше да мрдне со ниту еден дел од телото. Го гушеше димот што му се спопикуваше во дишникот и му ги цицаше градите однатре како бебе цицалче првпат ставено на боска…
Во градите срцето почна сѐ посилно да му баботи. Градите му се распукнуваа, срцето излегуваше од дупката под левата боска, се запна и одепаш распукна. Крв бликаше од неговото срце и ја покриваше како факел запалената Дојна русалката. Крвта се лепеше врз пламенот. Пламенот чрчореше таговно. Крвта го гушеше. Пламенот умираше. Снемуваше смрдлив дим.
Арсение погледнуваше кон Дојна русаликата. Таа полека му се губеше од крвавото видело…

212 Сулфур.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *