Во чест на Буреко

Извадок од книгата „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ на Алекс Букарски.

пишам претежно автобиографски цртички. најголем дел од нештата ги имам лично доживеано, многу малку карикирам. понекогаш мака ми е да пронајдам нови, поинакви имиња за ликовите кои треба да се разликуваат од личностите во реалноста.
ми приоѓаат читатели и љубопитно ме прашуваат колку од тоа е вистина. им кажувам колку многу и тие се смешкаат задоволно.
не секогаш сум имал пријатни доживувања. еднаш пишев расказ за студентскиот дом за студенти од повеќе градови. ми се јавија некои наприцкани демирхисарци.
„измени го тоа за демирхисарецот. направи го позитивен лик“ – ми кажа по mail некое бесно шанкуре. му кажав – пали патичињата. тој жестоко ми се закани дека ќе ме натепа. па кај е да го ебам?
но затоа далеку понепријатно искуство доживеав кога имав 18 години и одев на курс по англиски јазик.
се дружев со една фина девојка по уникатно старомакедонско име Деспина. беше навистина фина. беше на располагање на сите.
даваше, позајмуваше, фокопираше, мислам на учебници, се разбира.

предавањата понекогаш ни беа насабајле, мене ми се спиеше фкрај и Деспина знаеше да ѕвони и да ми каже: ајде, доаѓај, без тебе не почнуваме. и така.
еден ден се враќавме заедно од курсот и отидовме до клупите во паркот.
таму се однесував како најголем скот. на тој начин сакав да ја спречам кобно да се заљуби во мене. ме праша нешто како:
„Алекс, зошто секогаш имаш потреба да јадеш гомна?“ ѝ одговорив точно:
„таков сум јас. шо знам. тоа ме разликува од илјадници фини деца низ Републиката.“
тогаш ѝ се доверив дека пишам. не да и се пофалам, демек пичлеме сум ова-она, туку дека моето налудничаво однесување има покритие.
сѐ е во својство на мојата писателска мисија.
„ох, баш сум изненадена. кој би помислил дека во тебе се крие иден Пикасо.“
„Пикасо е ликовен уметник бе Деспина.“
„ама и нешто има пишано нели?“
„аха, да, да.“
потоа се бацивме. премина во лапање. тоа траеше долго. сат, сат и пол.
инсистираше да останеме уште, но јас не можев да издржам бидејќи требаше да се пофалам пред другарите.
следната недела немаше потреба да ми ѕвони насабајле за да ме натера да дојдам на курсот. станував ко пушка. почнав да одам на предавање редовно. и не само тоа, таму

бев фин, културен и смирен. не дофрлав и не се карав со никој иако тамошните тркала заслужуваа да ги дупчиш в’ум и да викаат уште, уште. но Деспина го бараше тоа од мене. рече:
„сакам позитивно да влијаам на тебе. утре јас и ти ќе шетаме за рака. нејќам луѓето да речат видете ја Деспина оди со оној будалиот кој тропа вулгарности на курс по англиски.”
океј си реков. се лапавме повторно на клупите во паркот.
од ракометното игралиште се слушаа како свират Паркети. Симсо фалшираше постојано. една иста песна ја почнуваа наново неколкупати по ред.
најпосле се слушна гласот на Сашо: ајде, МАШКИ еднаш!
на месечина те заборавив во облаци те заборавив. те лажам
само од другите те скрив
Деспина трогната од песната и настапот ми побара да ѝ напишам песна.
„не знам Деспина, повеќе по прозата сум некако.“
„те молам, те молам…“
БАЦ, БАЦ
„добро, види, ќе седнам ќе чкртнам нешто.“ ѝ го кажав тоа… и го заборавив. мислам тогаш и не ни пишев нешто сериозно освен по некоја колумна за порталот Опасна Багра.

еднаш не знам што ме мана дали тоа дека Деспина не ми даваше да ја ковам или нешто друго, седнав, напишав еротски расказ.
се водев според формулата преувеличувај колку што можеш повеќе и сѐ испадна ебано претенциозно.
колку што се сеќавам (го загубив текстот кога ми го украдоа компјутерот) одеше вака.
„Аххххх те набивам на мојот цврст кур, ти офкаш сѐ позасилено, каучот крцка и таа екстаза на уживањето помешана со стравот дека каучот може во секој момент да се распадне го прави повеќе од совршен чинот на задоволство. “
девојката која ја ковав во расказот беше именувана како Д. расказот се викаше „Дупење до смрт со г-ѓа Д.“ ич не мислев на Деспина кога го давав, но се чини потсвеста ме издаде.
и на курсот кога учевме некои именки, заменки не знам ти што, Деспина ме праша „до кај си со песната”? јас помислив троа да се зафркавам и ѝ реков:
„појди на Багра ќе ја видиш објавена.”
„важи, важи“ – ми врати целата насмеана. во меѓувреме курсот заврши. јас имав некоја работа кај тетка ми и се разделив со Деспина.
таа пошла на кафе со другарките и таму го нашла брат ѝ Иван – 22 годишен манга. беше огромен, развиен, главата му беше насадена на торзото, скоро и немаше врат, беше висок метар и осумдесет и имаше тркалезно меше.
башка претходно беше познат деликвент и цело маало имаше плачено од него.
Деспина му рекла „појди на интернет, отвори Багра, Алекс ми посветил песна“.

брат и седнал дома, се вклучил на интернет и ја здогледал статијата најгоре.
веднаш помислил дека тоа се однесува на сестра му. нормално. телефонирал на уште три-четворица развиени батки.
се качиле в кола и се впуштиле во потера.
истовремено јас заедно со едно дебело другарче со прекар Буреко спокојно шеткаревме покрај едносмерните улички крај Драгорот. осетив како одзади некоја кола шиба со сто на сат.
се завртив и видов едно црвено ВМW од старите како се забрзува сѐ повеќе и повеќе. се качив на тротоарот, но и тоа брзо, брзо се качи на тротоарот и почна да лизга низ него.
сконтав дека некој нѐ брка.
почнавме без збор да трчаме со Буреко. трчавме, трчавме и стигнавме до еден паркинг. таму почнавме да се меткаме низ паркираните коли. братот на Деспина со другарчињата застанаа, излегоа од колата и почнаа да трчаат по нас. трчавме со Буреко незапирливо иако сѐ повеќе и повеќе чувствував дека тој заостанува зад мене. трчав силно колку што можам зашто брат ѝ на Деспина викаше дека „ќе ми ја еби пелената”. во рацете држеше една еднометарска летва…
по неколку секунди се завртив и го здогледав во позадина Буреко. рацете му беа клаени на колена. се издишуваше. најпрвин го начека Иван и одма го здрви со летвата по бубрези. трчав. повторно фрлив поглед назад, и видов како други двајцата се впуштаат по мене. останатите го газеа Буреко со клоци.
си помислив: ако се вратам и мене ќе ме истепаат за џабе.

стигнав до една ограда, се искачив на неа, влегов во еден двор со цреша, се измовнав низ треви, џбунови, влегов во втор, трет двор и успеав да побегнам.
му носев банани и густи сок на Буреко во болница…
со Деспина поодив уште некое време и ми се скара. причината: кога требаше да глумиме доктор и пациент за да го развиваме разговорниот на англиски, јас се претставив ко импотентен. Деспина многу се изнервира велејќи дека другите можеби нема да го сфатат тоа како шега. сакав да ѝ го покажам дигнат за да ја разуверам, но не ми даде прилика и така нашата љубов тривијално заврши.
Буреко сега вози такси и понекогаш ме носи на железничка станица. скоро секогаш ме потсеќа како го папа заради мене.
напишаново и посветава ми е единствен начин да си ги искупам гревовите кон него.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *