Кон романот „Точка на враќање“

„Животот е суров, знае да нѐ изгори до темели од болка. Најважно од сѐ е дека тој продолжува, а на нас ни останува како ќе го живееме“ – Точка на враќање, Билјана Мартиновска.

Книгата е џебно издание на издавачката куќа Бата прес.

Навидум мало книгиче, но со тешка тематика и длабоки мисли.

Мене, ме зароби.

Вчерашниот ден го поминав во читање, препрочитување, вадење белешки.

Писателката Билјана си ја соголила својата душа до последниот атом, го ставила на хартија целото свое битие, своите борби, своите падови, своите врвови…

Ѝ се восхитувам и искрено од срце ѝ честитам за храброста, истрајноста и несебичноста да ја сподели својата животна приказна со сите Нас.

Секоја чест, жена-херој во вистинска смисла на зборот.

Ѓурѓица Трајкова

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *