Лидија Димковска за Вишнова Хроника

Промоција Вишнова Хроника
Вишнова хроника од Фросина Пармаковска е бело-црна хроника на растењето, на пријателството, на љубовта, на случајноста што се претвора во судбина и на судбината што станува случај, а како таков и животна, но и книжевна приказна. Приказната е раскажана од детско-младешка машка перспектива, ликовите се впечатливи, а времето со сите свои тажни невремиња и проблесоци на среќа е македонско, но и универзално сведоштво на една посеопфатна материјална и духовна криза во која западнал не само човекот, туку и човештвото. Потрагата по себе неретко е загуба и на себе и на другиот.

Лидија Димковска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *