Од 12 до 14 мај, младите македонски писатели Петар Андоновски, Давор Стојановски и Фросина Пармаковска ќе учествуваат на меѓународната средба на независни писатели што секоја година ја организира невладината организација ,,Хрватско-македонска тангента”, на островот Зларин, во близина на Шибеник, Р. Хрватска.
Во текот на нивниот престој, предвидено е одржување на тркалезна маса, дружби, дискусии за книгите, како и за проблемите со кои писателите се соочуваат во своите земји, но и пошироко. Покрај нашите писатели, на оваа книжевна манифестација ќе учествуваат и писатели и новинари од Хрватска и Босна и Херцеговина.
Настанот е под покровителство на Градоначалникот на Шибеник и Министерството за туризам на Р. Хрватска.