Вчеравечер (14.12.2017), во Менада, се одржа промоцијата на романот Одбројување од Фросина Пармаковска кој беше објавен пред неколку месеци, во издание на Или Или. Романот го промовираа проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска и Далибор Плечиќ, а модератор беше Ненад Стевовиќ од Или Или.
Одбројување е трет роман на Пармаковска после Вишнова хроника (Или Или, 2014) и Пишувајќи ги изгубените топки (Култура, 2013).
Промоција на романот Одбројување во Скопје
