Роден е на 15 февруари 1952 година во Струга каде што завршил основно образование. Школа за применети уметности, сликарски одсек завршил во Скопје 1975 година во класата на проф. Родољуб Анастасов. 1977 година се вработил во Галеријата “Вангел Коџоман” во Струга.
Писател и сликар. Објавува раскази, куси прози и есеистички текстови. Расказите му се преведувани на повеќе јазици.
Бил припадник на литературната група Петти круг.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година.
Застапуван е во Антологиите: Господари лабиринта, Загреб; Антологија на македонскиот постмодерен расказ, Скопје; ; Cesarean cut – Macedonian short stories; Царски рез – Македонскиот кус расказ, Скопје; Големиот скок, Скопје; Макета – савремена македонска кратка прича, Београд; Кар видијо мачке, Љубљана,; Антологија на македонскиот расказ, Москва; Антологија на македонски расказ D’ont me FYROM, Загреб.
Ги објавил книгите раскази: Тајна историја, 1986 година; Црни пророци, 1996 година; романот Инсомниа, 2001 година за кого истата година ја доби наградата Рациново признание. 2014 година ја објави книгата Бледи сенки далечни гласови за која 2015 година повторно го добил Рациновото признание.