Ермис Лафазановски е роден на 8 декември, 1961 година во, Клуж, Романија. Тој е доктор по филолошки науки и работи во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година. На 17 декември, 2014 година, Лафазановски бил избран за претседател на македонскиот ПЕН-центар.
Лафазановски има дадено значаен придонес во современата македонска проза. Поради иновативниот пристап во раскажувањето, тој е добитник на неколку книжевни признанија, како што се: наградата „Стале Попов“ на ДПМ и наградата „Прозни мајстори“ која ја доделува фондацијата „Македонија презент“. Неговиот книжевен опус се состои од повеќе романи, збирки раскази и научни студии.
- Половина божилак (раскази, 1992)
- Традиција, нарација, литература (монографија, 1996)
- Благородник (роман, 1997)
- Кога во Скопје ги беа измислиле чадорите (раскази, 1999)
- Македонските космогониски легенди (студија, 2000)
- Текст и менталитет (зборник, 2000)
- Опишувач (роман, 2001)
- Анрополошки дијалози (студија, 2002)
- Роман за Оружјето (роман, 2003)
- Храпешко (роман, 2007)
- Недела (роман, 2010)
- Историја на луѓето кои умреа од страв (роман, 2012)
- Туја (раскази, 2018)