Игор Станојоски

Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген, но поголемиот дел од животот го минува во татковината. Дипломира во Скопје на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на групата Македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Од 2003 до 2006 година и потоа во 2008/09 година работи на Универзитетот во Лавов (Украина). Од 2005 до 2009 година работи на Универзитетот во Катовице (Полска) и во 2009/2010 година на Масариковиот универзитет во Брно (Чешка). Докторира во Полска во 2009 година. Автор е на 4 книги од областа на лингвистиката. Во моментов живее и работи во Скопје.

Има објавено три романи:

  • Гаргара, 2014, Панили,  финалист за наградата Роман на годината
  • Првиот универзитетски ден на мојата ќерка, 2016, Или-Или,  финалист за наградата Роман на годината
  • Диссомнии, 2017, Антолог, финалист за наградата Роман на годината, добитник на Рациново признание.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *