Романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска е деветнаесеттиот добитник на наградата Роман на годината која до лани ја доделуваше Утрински весник, а од оваа година – фондацијата „Славко Јаневски“.
Одлуката ја донесе жири комисија од петте членови: Давор Стојановски (претседател и минатогодишен добитник), Катерина Богоева (новинар), Ристо Лазаров (поет), Анета Дучевска (декан на Филолошки факултет) и Иван Додовски (професор на Американ колеџ). За овогодинешниот конкурс беа пријавени 27 романи, а во последниот круг влегоа романите: „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, „Диссомнии“ од Игор Станојоски и „Апокалипса.мк“ од Бранко Прља.
Според образложението на жири комисијата за романот „Одбројување“, „приказната е структурирана во три дела, каде што низ постојани флешбекови на внатрешен монолог, неименуваната нараторка, која е и централен протагонист во делото, ни ја открива незавидната положба – заглавена со својот неправедно љубоморен, параноичен маж, со очигледно душевно нарушување, кое никој од блиското семејство не сака да го прифати или препознае.“
Пармаковска е родена во 1985 год., во Скопје. Има дипломирано на Катедрата за општа и компаративна книжевност“, а магистрирала на Културолошки студии на Институтот за македонска литература. Покрај овој роман, авторка е и на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“ и „Вишнова хроника“ кој е преведен на бугарски и на украински, како и на научната студија „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман