Калина Малеска


Калина Малеска е македонска писателка и книжевна теоретичарка и критичарка родена во 1975 година во Скопје. Предава англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ – Скопје.

Има издадено три збирки раскази: Недоразбирања (Македонска книга, 1998), Именување на инсектот (Слово, 2008) и Мојот непријател Итар Пејо (Или-Или, 2016), романите Бруно и боите (Слово, 2006) и Призраци со срмени нишки (Слово, 2014), како и драмата Случка меѓу настани (за Хипатија од Александрија) (Слово, 2010). Романот Бруно и боите влезе во најтесниот круг за наградата Роман на годината на Утрински весник за 2006 година.

Нејзини расказите се преведени на неколку јазици и објавени во повеќе списанија во Македонија и во странство.

Се занимава и со преведувачка дејност, а некои од книжевните дела што ги превела се: Она што беше небо од Владо Малески, Тристрам Шенди од Лоренс Стерн, Сестрите Макиока од Џуничиро Танизаки, Собрани раскази од Амброуз Бирс.

Овде можете да прочитате расказ од Калина Малеска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *